ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до сите корисници на услугите напретпријатието, односно на канализацискиот систем, во него да не одлагаат отпадниматеријали кои не се подлежни на разложување (како влажни марамици, најлони…),предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, со цел заштита на системот, негованормална функционалност и превенција од затнување и излевање на отпаднатавода. „Во текот на мината ноќ, екипите на секторот Канализација, на ул. Индира Ганди, воШуто Оризари, работеа на чистење и одзатнување на главна фекалнаканализациска линија, со дијаметар на цевка 250мм, полна со шут, песок, текстилниматеријали, влажни марамици… За одзатнување на мрежата беа ангажирани двецистерни (под притисок и вакуум) и вакуум пумпа со голема моќност. Апелирамеваквото неодговорно однесување да се запре за доброто на сите корисници, како изаштита на средината во која живееме. Опасноста од ваквото однесување не езакана само за канализацискиот систем, туку е и закана по животната среднина издравјето на луѓето, особено во период на зголемени дневни температури“ –истакнаа од сектор Канализација. Апелираме граѓаните да се однесуваат одговорно кон селекцијата на отпадот, негово рециклирање и правилно одлагање. Апелираме граѓаните за одлагање на кабастиот отпад да се обратат до општинските комунални служби или до ЈП Комунална хигиена.