Vestiplus.mk
+Во тренд...МАКЕДОНИЈА

Ангеловски: Важно е дека нема човечки жртви, материјалната штета лесно се санира

Нема да има кризна состојба на истокот од земјава. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информираше дека вчерашниот пожар во Кочани предизвикал само материјална штета, без човечки жртви. Како прв човек на институцијата, вели дека е горд што немало човечки жртви и дека материјалната штета лесно ќе се санирала. Причина за пожарот, најверојатно бил спој на жици на далноводи. Силниот ветар и високите температури придонеле огнот да се шири брзо и да стигне непосредно до последната линија со куќи. Ангелов призна дека државата има ограничени ресурси за справување со волку големи пожари.
 
-Ние немаме две изгорени куќи во Кочани. Имаме изгорени два покриви од куќи. Имаме изгоренео едно трло, во кое овците беа благовремено тргнати. Оние слики кои што ги гледате се од неколку животни. Изгореа и неколку автомобили. Од страна на градоначалникот во текот на денешниот ден ќе биде формирана комисија која ќе ја истражи штетата, ќе направи запсиници и луѓето итно ќе бидат обесштетени, рече Ангелов.
 
Ангелов објаснуваше и за употребата на хеликоптери за гаснењето на пожарите. Вчера на располагање бил само еден армиски поради празникот, додека вториот хеликоптер на АРМ, се сервисирал во текот на ноќта за да биде оспособен да лета денеска. Активниот хеликоптер синоќа гаснел оган во Старо Нагоричане, а хеликоптерите можеле да се користат ноќе, но не за гаснење пожари. Дополнителен проблем за тие да летаат била високата температура – за која Ангелов тврди дека била пресудана тие да прегреаат.
 
-На температури повисоки од 37 целзиусови степени не е безбедно летањето на хеликоптер. Едноставно ги загрозуваме животите на посадата. Дали за задоволување на нечии болни амбиции треба да ги ризикуваме животите на ншите пилоти. „Сејфти фрст“. Нека изгори се, нека бидат живи и здрави луѓето. Вчера никој не загина и никој не беше повреден и тоа е нашипт курс. Дрвајата повторно ќе пораснат, додава Ангелов.
 
Дополнително, на скопскиот аеродром треба да пристигнат четири хеликоптери од Србија, а најавена била помош од Словенија и Грција. Дали ќе требале нивните хеликоптери, дополнително ќе се направела проценка, оти бројот на активни пожари се намалиле, иако пожарот во Кочани се уште бил активен, но немало опасност по градот.

Можеби ќе ве интересира...

Ковачевски за МИА: Верувам дека ќе отвориме нова страница во односите со Бугарија и изградиме искрено пријателство

В+

Приведен скопјанец во Штип, расчистени две тешки кражби

Vesti +

Хороскопски знаци во кои се родени момци за сериозна врска

Vesti +

Фрчат казни за возачи со затемнети стакла

Vesti +

Супер вест: Собранието изгласа – 330 илјади пензионери добиваат нова методологија за раст на пензиите и по 1000 денари следните три месеци

Vesti +

Вчера се аплицирани 13.232 вакцини

Vesti +