Ги ставаме во погон сите енергетски капацитети во државата, информира владиниот советник за енергетика, Виктор Андонов. Тој додаде дека Владата постојано ја следи состојбата на дневно ниво и ќе носи соодветни мерки за ублажување на последиците.

-Врвен приоритет е да се обезбедат најповолните услови и граѓаните да бидат заштитени.
Си превземавме сериозна обврска редовно да ја информираме јавноста за состојбата со производство на електрична енергија од ЕСМ, со која се покриваат потребите на регулираниот пазар на електрична енергија. Ова постојано ќе го зборуваме, бидејќи е од исклучително важно за да ја зачуваме стабилноста на енергетскиот систем, кажа Андонов.

Според него, сите без исклучок треба да штедат електрична енергија.

-Сега е време кога мора рационално да ги користиме енергенсите и да бидеме солидарни, додаде Андонов.

Тој вели дека доааѓат постудени денови и затоа е неопходно сите да вложат максимални напори за штедење на електричната енергија.

Тој на прес-конференција во Владата кажа дека во октомври покрај добрите временските услови и намалената потрошувачка, голема улога одиграло и штедењето на електрична енергија од граѓаните и институциите за да нема набавка на електрична енергија.