„Јаловичната депонија која беше жешка еколошка точка и децениски проблем конечно ја решаваме. Донесовме нацрт-верзија на ДУП за да можеме да разговараме со потенцијални инвеститори и давам збор дека до крајот на 2023 година, не само што таа јаловична депонија ќе биде затворена и санирана, туку таму ќе никне една од најголемите фотоволтаични централи во земјава“ рече актуелниот и кандидат за градоначалник на Пробиштип од СДСМ и коалицијата, Драган Анастасов на трибината „Најдоборот за мојата општина“.

„Нема веќе да се крева оловна прашина и нема да се загадува почвата преку атмоферските води. Тоа е мојот прв врвен приоритет во новиот мандат“ кажа Анастасов.

Тој додаде дека донесен е и нов ДУП за Пониква каде што се планира развој преку отуѓување на земјиштето за викенд куќи и комерцијални објекти.

„Нема развој на Пониква, ако немаме пат од Пониква до Пробиштип. Тоа е мојот втор приоритет на кој ќе посветиме внимание. Знам дека е изводливо, бара жртва и труд, но мотивот на успехот ни се граѓаните на Пробиштиш“ рече Анастасов.

Тој најави и субвенционирање на реконструкција на зградите за домување во општината со изградба на енергетски-ефикасни фасади и кровови по принципот 70-30, односно 70 отсто инвестиција на општината, 30 отсто на станарите.