Еден од најистурените функционери од времето на Никола Груевски, е Влатко Ѓорчев, кој беше пратеник долго време.

Тој вчера во обид за прибавување на политички поени од светската енергетска криза, со која се соочуваат и сите Балкански држави каде цените на енергенсите одат драматично нагоре, објави целосно лажна вест:

Дизелот:
Влада на ВМРО: 46 денари
Влада на СДСМ: 68 денари (раст 50 %)

Но дали е тоа така?

Како прво цената на нафтата, горивата, но и многу енергенси кои се тргуваат на светските берзи не зависи од самите држави, туку воглавно од од тековите на берзите. Точно е и дека секоја држава определува акциза, царина, данок.. но тоа повеќе е дел на процентуално или фиксно ниво.

Како второ, историски, највисоката цена во овие една-две децении, била за во 2012 година, поточно една од највисоките цени на горивата биле утврдени на 27. август 2012 година, кога цената на бензинот еуросупер 98 беше 88,50 денари, еуросупер 95 се точеше денарипол поевтино, нафтата пак беше со почетна цена 73 денари за литар. Тоа може да се погледне и ТУКА.

Драматургијта и сентименталноста се главни алатки на добропознатиот Ѓорчев, со многу настани низ минатото.

Ѓорчев ја манипулира јавноста и дека дизелот за време на ВМРО ДПМНЕ бил 46 денари за литар. Да тоа можеби е така, некогаш стигнала таа цена согласно светските берзи, но добро е да се напомене дека на 4 мај 2020, Регулаторната Комисија за Енергетика донела одлука за нови цени на горивата кои важеле од тој ден па цела недела. Тогаш на пример дизелот беше 42 денари за литар, а бензинот 50,50 за 95 или 52,00 за супер 98. Тоа е јавен податок е може да се погледне на овој ЛИНК. Во овој период поради слабата побарувачка на нафта, запрената економија поради коронавирусот цените на нафтата паднаа на светските берзи, а тоа повлече и пад на крајниот продукт на бензин и нафта во сите земји во Светот.

Колку за споредба,  цената на барел нафта од типот брент во август, 2012 беше од 105 до 115 долари (Доларот беше 0,79 евра), додека пак на почетокот на октомври 2021, според кој се одредија последните цени нафтата од типот брент достигна 81,50 долари (доларот е 0,87 евра).

Да потсетиме и дека во 2012 година минималната плата беше 8080 денари, а во 2021 е околу 14,500-15.000 денари.

И повторно да напоменеме дека движењето на цените на нафтените деривати во Македонија зависат од движењето на цените на нафта на Светските берзи.

извор: Centar.mk