Од резидентното население како Македонци се изјасниле 58,48 отсто од граѓаните, 24,3 се Албанци, 3,86 се изјасниле како Турци, 2,53 како Роми, 0,94 отсто се Власи, а 0,87 отсто Бошњаци.

Интересно е што пад во процент има и кај Македонците и кај Албанците, но позабележителен тој процентуален пад е кај Македонците. Речиси е сигурно дека Македонците од дијаспората го бојкотираа пописот и со тоа дозволија да македонската дијаспора да има мнозинство Албанци, но постојат индикации дека и оние кои не отвораа врата во налет на сомнителната кампања “Не отворај врата” преку патриотски пораки намерно или не ја предадоа Македонската нација и му скроија неколку проценти помалце Македонци на пописот.

Дали патриотите си ја продадоа својата нација ќе покаже времето, но и анализите кои допрва следуваат.