Фејсбук статус на аналитичарот Ненад Јовановиќ:

Почнувам сериозно да се сомневам дека пожарите се нов идиотски програм за рушење на Владата на Заев

На што ги темелам овие сомнежи? На психолошко-антрополошкиот профил од низата на бељи со пожарите. Како го откривам тоа? Од структурата на луѓе кои ги гледам: се палат планински, рурални и селски места. На тие запалени места секогаш се појавува некоја телевизиска камера која во позадина има сонце со „милион краци“ која асоцира на „патриоти до гроб“.

Зошто не гори западна, туку само источна Македонија? Сте помислиле ли на тоа, драги пријатели?

Пожарот е целна група на чисто етничко македонско население. Значи ги ловиме македонците, тамо ќе (ги) палиме, тамо ќе го предизвикуваме бесот на обичниот македонец, а потоа таквиот бес ќе го усмеруваме кон владата на Заев: ау, види ги какви се, немаат хеликоптери, а ако имаат, хеликоптерите не летаат ноќно време, па види какви се, немаат цистерни, ако пак имаат, тие цистерни се стари, па дрн, па sврц, и така натаму и слично на тоа.

Од друга страна, Команданти на Противпожарни Бригади велат дека огништата, барем од нивното искуство, сите се подметнати.

Пожарникари кои целиот свој работен век го поминале во гаснење на пожари, го велат истото – невозможно е да има 14 пожари во исто време на различни места.

Тргнаа и скопски Охис да го палат, еј!? Замислете ако „вуфнеше“ поранешниот хемиски гигант? Немојте да замислувате, добро е што го спречија пожарот.

Вчера на снимка видов дека и преку летало-дрон може да се палат шуми.

Многу коинциденции во исто време, нели мислите така?

Ова се вика „Шок доктрина“: палиме, ја дигаме државата во воздух, по цена на човечки животи, само за да го рушиме Заев?

А ова пироманија, барем од моето „аналитичко око“, им е последната шанса, затоа што сите индикатори велат дека на следните локални избори ќе бидат растурени како „дете sвечка“.