Изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој во вчерашниот говор во Варшава рече дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да остане на власт“, ​​предизвика остри критики од страна на ветеранот на американската дипломатија, Ричард Хас.

„ Изјавата на Бајден „ја направи тешката ситуација уште потешка, а опасната уште поопасна“, напиша Хас на Твитер. Хас е претседател на Советот за надворешни односи на САД.

„ Тоа е очигледно. Она што е помалку очигледно е како да се отстрани штетата. Предлагам главните соработници на претседателот да контактираат со нивните колеги во Русија и да им дадат до знаење дека Америка е подготвена да преговара со оваа руска влада“, напиша Хас.

Тој ја коментираше и интервенцијата на Белата куќа, која веднаш по говорот на Бајден во Варшава соопшти дека „претседателот не повикал на промена на режимот во Москва“.

„ Реакцијата на Белата куќа на изјавата на претседателот за промена на режимот веројатно нема да помине. Путин ќе го сфати тоа како потврда на сето она во што веруваше сето ова време“ додава Хас.