Соединетите Амеркански држави ќе испратат во Киев противвоздушна одбрана (ПВО) од советско производство кои тајно ги набавиле пред неколку децении за поддршка на украинската војска, објави „Волстрит журнал“.

Целта на оваа испорака е да ѝ се помогне на војската на Украина во воздушната одбрана против Русите, кои почнаа инвазија минатиот месец.

Системите, кои вклучуваат СА-8, се стари децении и се купени од САД за проучување на технологијата која ја користи руската војска.

Пентагон одби да ја коментира одлуката на Стејт департментот, која доаѓа во време кога администрацијата на Џо Бајден работи на проширување на противвоздушните одбранбени капацитети во Украина.