Според извори на Алсат, во пожарот во модуларната болница во Тетово има извештаи за жртви, како од пациентите така и од медицинскиот персонал.

Модуларната болница целосно изгоре, а пожарот се уште е активен во дел од зградата. Се очекува во секој момент изјава од властите за билансот на жртвите.

Инаку министерот за здравство Венко Филипче веќе е на пат за Тетово. Прва изјава даде Теута Арифи, градоначалничка на Тетово, која соопшти дека пожарот многу брзо се проширил.

Неофицијално пожарот започнал во 21 часот.