На улицата „Хасан Мерџановиќ“ околу 22 часот во Босна и Херцеговина била активирана експлозивна направа од страна на непознато лице, а за среќа немало повредени лица, но оштетени се два деловни објекти и четири моторни возила.

Експлозивната направа била активирана под менаџерот на познатата балканска пејачка Сенида Кравќ, кој е задолжен за нејзините настапи.

Ова не е првпат да ја поврзуваат Сенида со вакви ситуации, затоа што претходно беше фрлена бомба пред домот на нејзиниот менаџер за Словенија, а кратко потоа беа пуштени солзавци на нејзин настап.