Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 8 до 14 часот, од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови, составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на целата држава.

При контролата санкционирани се 35 возачи. Од нив, 21 санкциja за возење без возачка дозвола, четири мерки поради возење за време на прекршочна санкција (забрана за управување со моторно возило), пет санкции за возач почетник… Во однос на возилата, кај 17 констатирани се неправилности и преземени се мерки, од кои три за неисправни сопирачки, три поради измината важност на сообраќајната дозвола.

Упатени на вонреден технички преглед биле 32 возила. За време на контролата, санкционирани се и 99 други видови прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.