Во текот на изминатата вечер (20/21.01.2023) во периодот од 23.30 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти во повеќе градови.

При контролата, приведени се четири лица од кои три поради нарушување на јавниот ред и мир, а едно лице П.Ѓ (20) од Скопје поради тоа што кај него, во угостителски објект во населбата Илинден во Скопје, бил пронајден кокаин.