Денеска (02.11.2022) во 11.05 часот на ул.„Борис Бојаџиски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.В.(43) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторени кривични дела по член 377 и член 130 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.