Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со амбасадорот на Република Чешка во земјата, г. Јарослав Лудва.

Ахмети и Лудва разговараа за конструктивната меѓудржавна соработка, актуелната политичка состојба во земјата, напредокот што Северна Македонија го постигна во процесот на евроинтеграцијата, важноста на компактноста во делувањето на политичкиот фактор во земјата за усвојување на уставните измени, спроведувањето на неопходниот процес на реформи и борбата против криминалот и корупцијата.

Првиот човек на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во оваа прилика и се заблагодари на Република Чешка што секогаш била во поддршка за европската перспектива на земјата и побара континуитет на ваквиот став во одлучувачките процеси што следат.

Тој, меѓу другото, истакна дека Демократската унија за интеграција со селокупниот свој кадровски и програмски потенцијал останува посветена во одржувањето на проевропската конзистентност на дејствување, на усвојувањето на уставните измени кои го зајакнуваат внатрешниот демократски консензус и за натамошно зајакнување на односите на добрососедство.

Проевропското мнозинство во земјата е подготвено да ги примени сите потребни механизми за спроведување на процесот на реформите во согласност со интеграциската рамка и зајакнување на борбата против криминалот и корупцијата.

Ахмети на амбасадорот Лудва му го изразил ставот на Демократската унија за интеграција за спроведување на сеопфатен процес на ветинг за сите поранешни, сегашни и идни политичари, судии и обвинители, како единствен процес на објективно филтрирање и одржување на кредибилитетот на институциите.
Амбасадорот Лудва го изрази ставот на Република Чешка за продолжување на поддршката на земјата до целосно финализирање на аспирацијата на нашата земја за интеграција во Европската Унија.