Лидерот на ДУИ, Али Ахмети преку објава на Фејсбук изрази сочуство до неодамна починатите свои блиски од Ковид-19 и повика населението да се вакцинира.

„Јас, заедно со семејството, бев вакциниран од мај, како единствен начин да се справиме со вирусот „Ковид-19“.

Во текот на целата оваа година и половина, многумина од нас ги загубија своите сакани.
Секојдневно добиваме тешки вести од најблискиот круг, синоќа починаа членови на моето семејство, братот на мојот пријател Бекир Асан заедно со неговата 33 -годишна ќерка, братот на мојот пријател Невзат исто така.

Изразувам мое најдлабоко сочувство до целото семејство што загубија блиски од овој подмолен вирус и апелирам за масивна ВАКЦИНАЦИЈА и почитување на мерките, дистанца, маска, хигиена.

Ве молиме за претпазливост, одговорност и висока граѓанска, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се!“,пишува Ахмети.