Vestiplus.mk
+ МАКЕДОНИЈА ТОП ВЕСТИ

Ахмети – Генчовска: Секое доцнење оди на штета на бугарската заедница во земјава

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, г-ѓа Теодора Генчовска.

Ахмети и Генчовска разговараа за спорот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, решение кое ќе и даде зелено светло на нашата земја за почеток на преговорите со Европската Унија и одржување на првата меѓувладина конференција, додека земјата веќе ги има исполнето сите неопходни услови.

Лидерот на ДУИ Ахмети на средбата изјави дека секое одложување на решавањето на спорот меѓу Скопје и официјална Софија оди на штета на бугарската заедница во земјава.

Претседателот Ахмети ги покани бугарските власти да ја зголемат меѓусебната доверба и да работат заедно за позитивен епилог на билатералниот спор преку стеснување на просторот за дејствување на агенди во земјата и регионот кои не се совпаѓаат со нашите западни определби.

Итното затворање на овој спор ќе биде од корист за бугарската заедница во нашата земја, регионот и Европа, но секако без да се загрози националниот и јазичниот идентитет на нашите сограѓани.

Решавањето на спорот меѓу двете земји придонесува за мир, безбедност и стабилност во целиот регион. Граѓаните веќе очекуваат позитивни резултати за изнаоѓање заеднички јазик во решавањето на спорот меѓу двете земји бидејќи Европа не е во целосен мир без Западен Балкан.
Ахмети и Генчовска на средбата истакнаа дека е неопходно да се интензивираат трговската и културната размена меѓу нашите две земји за подобрување на благосостојбата на граѓаните и подоброто меѓусебно познавање.

Можеби ќе ве интересира...

МТСП: Објавен јавен повик за финансирање на социјални услуги во општините

В+

Москва најави „адекватен одговор“ откако Македонија прогласи пет руски дипломати за „персона нон грата“

Vesti +

Попов: Арсовска поради незнаење или личен хир стопира проекти клучни за граѓаните

В+

Маричиќ: Стартува меѓународниот мониторинг на случаите на организиран криминал и висока корупција

Vesti +

Шилегов: Силна финансиска поддршка за граѓаните, 50% поевтин оброк за учениците, до 50% помал трошок за градинките

Vesti +

СУПЕР ВЕСТ: Владата донесе одлука, следува предвремена исплата на мајската пензија – еве во кои денови ќе легнат парите на сметките на пензионерите

В+