„ВМРО-ДПМНЕ нема лидер, има двајца лидери во бегство. Едниот е во Унгарија, а другиот е во бегство од цврст и јасен став за секое државно прашање, вклучително и за пршањето за преговорите со Бугарија“ кажа пратеникот од СДСМ, Констадин Ацески во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека ние како потомци на Гоце Делчев треба да се бориме за имплементација на неговата идеја за светот како поле за културен натпревар меѓу народите.

„За ситни политички поени наместо за културен натпревар, ние ја претвораме политичката арена во поле за поделба на граѓаните по сите можни основи и на сите можни начини“ кажа Ацески.

Тој додаде дека Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце делчев е обид да се искористи актуелната ситуација за политички поени и да се опструираат разговорите со Бугарија со што се попречува и процесот за пристапување и отпочнување на преговори за членство во ЕУ.