„Од наративот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се хранат меѓу себе и двете партии и билдаат рејтинг, а најголема жртва се СДСМ и албанската опозиција и на крај граѓаните. Кога тие наративи доминираат, кои удираат на екомоции на луѓето, тешко е вие да продадете рационална и прагматична политка“ рече новинарот и уредник на „Фокус“ , Влатко Стојановски во утринската програма на „Слободен печат“ и „Градска.мк“.
Тој додаде дека истата ситуација потсеќа и на 2006 година, кога премиер на Владата предводена од СДСМ беше Бучковски, кој беше прагматичен, со добиен кандидатски статус со ЕУ, признавање на уставното име од САД, но тоа на изборите се покажа како недоволно.
„Како што сега не е доволно членството во НАТО, почеток на преговорите со ЕУ, решен црковен спор, не е доволно, бидејќи опозицијата јава на бранот на отпорот на уставните измени. Исто како што во 2006 ВМРО-ДПМНЕ јавна на бранот на референдумот против територијалната поделба“ рече Стојановски.
Тој додаде дека и тогаш имаше дел од СДСМ кој се откина од партијата, во НСДП на Тито Петковски, како што сега тоа го прави ЗНАМ на Максим Димитриевски.