Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 56, Битола – 10, Кавадарци – 3, Охрид и Кичево – по 2, Куманово, Гевгелија и Ресен – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (76), регистрирани се 14 реинфекции.

Регистрирани се 73 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Битола и Охрид – по 5, Кавадарци – 4, Прилеп и Штип – по 3, Ресен, Тетово, Гостивар, Делчево и Берово – по 2, Куманово, Струмица и Струга – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (80г), Охрид (82г) и Куманово (75г). Сите лица се починати во болнички услови. Лицата се пoчинати во период од 17.04 – 17.05.2022 година.

Направени се 1.232 тестови преку: ИЈЗ-104, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-18, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–81, Жан Митрев (Филип Втори)-60, Авицена-13, Биотек-29, Систина-20, лабораторија Лаор-28, Синлаб-11, Ремедика-11, Плодност-11, Генеа-4, Никоб Лаб-84, ВФВ Медикал-20, Ели Медика Плус-10, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 587.

Досега во земјата се направени вкупно 2.042.527 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.113, бројот на оздравени пациенти е 301.275, на починати е 9.296, а бројот на активни случаи изнесува 542.