Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 15.08.2021 до 07.00 часот денеска (16.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 545 полициски службеници, меѓу кои и припадници на сите специјални единици на полицијата, реализирани 192 мото-патроли и користени 150 моторни возила.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.