На новогодишната ноќ, поточно утрово околу 04.30 часот во Маврово, полициски службеници од Полициското одделение Маврово ги привеле осум млади лица, сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, соопшти МВР.

Полицијата наведува дека откако ќе биде направено целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.