Денеска (24.02.2022) во периодот од 11.00 до 16.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа изречени се 47 санкции.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин. Сите заеднички, со почитување на правилата, да придонесеме за побезбедни сообраќајници.