На 26.01.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 40 прекршоци, од кои 33 надвор од населено место и 7 во населено место. Од нив 10 во Штип, 9 во Свети Николе, 8 во Кочани, 4 во Пробиштип, по 3 во Берово, во Виница и во Делчево. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбдноста во сообраќајот.