На 23.06.2022 во периодот од 12 до 18 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 328 возачи. Од нив, 230 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 47 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.