Во текот на вчерашниот ден (07.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 323 возачи. Од нив, 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип – 60, а потоа на територија на СВР Битола – 49, на територија на СВР Скопје – 46…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.