Денеска (06.10.2021) во периодот од 08.00 до 14.00 часот Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на тетовско-гостиварското подрачје, при што санкционирани се 31 возач.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.