Во текот на вчерашниот ден (24.02.2022) во периодот од 11.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 293 пешаци од кои, 253 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 33 за минување на црвено светло… Од нив 77 на територија на СВР Скопје, 47 на територија на СВР Битола…

За време на контролата регистрирани се и 146 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.