Денеска (24.02.2022) во периодот од 11.00 до 16.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Велес за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа санкционирани се 28 пешаци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување направилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.