Во текот на вчерашниот ден (13.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 277 возачи.

Од нив три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 116 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 161 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 118 други видови прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.