На 09.01.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 26 прекршоци, од кои 15 надвор од населено место и 11 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

Санкционирани биле и 11 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за нерегистрирано возило и 1 за некористење сигурносен појас.