Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 250 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 86 санкции, 40 санкции за недавање првенство на пешаци, 30 мерки за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се 11 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за возење под дејство на алкохол, 47 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.