На 12.03.2022 во 20.20 часот на Граничниот премин Блато, на влез во државата, од полициски службеници бил лишен од слобода K.М.(25) од Р.Албанија, затоа што по извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Албанија, за издржување на казна затвор во траење од две години и осум месеци.

Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.