Министерството за внатрешни работи во текот на денешниот ден (10.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на целата држава вчера беше спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците, при што беа изречени вкупно 230 мерки, меѓу кои 194 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 28 за непочитување на светлосните сообраќајни знаци или знаци што ги дава полициски службеник, шест за движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз, две за некористење на тротоар или друга површина наменета за движење на пешаците.

За време на контролата регистрирани се и 129 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.