Во текот на изминатата вечер (28/29.04.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле санкционирани 23 возачи.

Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.