229 сообраќајни прекршоци во Скопје, 62 за брзо возење
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈА

229 сообраќајни прекршоци во Скопје, 62 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 229 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 19 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 17 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола.

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, пет за непочитување на првенство на минување, 66 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира...

Ковачевски: Членството во ЕУ е национален интерес, сите да бидеме одговорни за иднината на нашата земја

Vesti +

Нуредини на регионален состанок на министри од Западен Балкан и Турција

Vesti +

Студентите да го продолжат билетот доколку сакаат да се возат бесплатно и во 2023 година

Vesti +

Маричиќ на Заедничкиот мониторинг-комитет со Европската комисија

В+

МЗ: Зголемен број на реинфекции со Ковид 19, расте процентот на заразени со Омикрон

Vesti +

Приведен крадец во Виница, пронајдени одземените предмети

Vesti +