Во текот на вчерашниот ден (09.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 222 возачи.

Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со над 70 километри на час. Притоа, 98 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.