Министерството за животна средина и просторно планирање со порака за денот на планетата Земја:

За овој роденден на нашата планета која е и наш единствен дом, Министерството за животна средина и просторно планирање упатува порака и ги повикува сите: институциите, бизнис заедницата, граѓанските организации и движења, секој поединец – Сите ЗАЕДНО сега!

Ова е моментот да се промени деловната клима, политичката клима и начините на кои преземаме активности и одговорности за климата. Сега е време за непоколеблива храброст во зачувувањето и заштитата на нашето здравје, нашите семејства, нашите средства за живот… заедно, мораме да инвестираме во нашата планета, затоа што зелената иднина е просперитетна иднина.

Треба да дејствуваме (храбро), да иновираме (широко) и да имплементираме (правично). Треба да се вклучиме сите – секој да биде вклучен и секој да биде одговорен. Време е за ПАРТНЕРСТВО ЗА ПЛАНЕТАТА.

И додека уште има време да се реши климатската криза, време e да се избере просперитетна и одржлива иднина и време е да се обнови природата и да се изгради здрава планета за нашите деца и нивните деца. Времето е кратко.

За овој ден, за сите, секој ден, ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО НАШАТА ПЛАНЕТA!