Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 35 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 21 мерка за возач почетник.

Изречени се 14 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за недавање првенство на пешаци, седум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 за непрописно паркирање.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.