Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (7.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на Град Скопје изречени се вкупно 210 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 10 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за непрописно престигнување и обиколување.

Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за возач почетник, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за некористење сигурносен појас.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.