Во текот на вчерашниот ден (09.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 209 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 121 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 88 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.