Vestiplus.mk
+ МАКЕДОНИЈА

2 август неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 2 Aвгуст (понеделник), Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани.

Денот на Републиката е голем државен празник. Се прославува на 2 август, кој е исто така и голем верски празник—Илинден, во чест на пророкот Св. Илија—според јулијанскиот календар.

Денот на Републиката се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност: Илинденското востание од 1903 година кое било организирано од Внатрешната македонска револуционерна организација против Отоманското Царство, и во текот на кое била прогласена република, и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, во текот на Втората светска војна, на коe се поставени основите на денешна Република Македонија.

Прогласен е за државен празник уште на Првото заседание на АСНОМ во 1944.

Големи народни собири се одржуваат во сите манастири, а се организира и коњанички марш од Скопје до Крушево каде што е прогласена Крушевската република во 1903 година. Главната прослава се одржува на Мечкин камен, каде што имало борба со отоманските војски во која загинал Питу Гули.

Можеби ќе ве интересира...

Бојковски од Кратово: Преку неформално образование ќе ги обучуваме децата во средното училиште за работа во ИТ индустријата

В+

Хороскопски знаци кои најмногу изневеруваат: Вагите се познати како најголеми љубовници, но овие знаци ќе ве изненадат

Vesti +

Тренчевска: Соработката со Светска Банка резултира само со успех

В+

СДСМ денеска ќе објави скандал за незаконско работење на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

Vesti +

Пронајдена дрога, приведен битолчанец

Vesti +

Заев: Слобода е, го слушаме народот и се корегираме

Vesti +