Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 195 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 58 мерки за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за непрописно престројување, четири мерки за возач почетник, 45 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.