Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 193 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се и 10 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, шест мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 16 за прекршоци што ги прават пешаците, 10 мерки за користење на мобилен телефон…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.