Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 69 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за возење под дејство на алкохол, две мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.