Полициски службеници на СВР Тетово денеска (25 јануари) од 7 до 10 часот, спровеле акциска контрола на брзината со која се движат возилата надвор од населено место, пред се автобуси, комбиња и тешки товарни возила.При контролата откриени и законски санкционирани се вкупно 19 пречекорувања на максимално дозволената брзина (ТЕ-14 и ГВ-5).

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, а санкциониран, исто така, бил и 1 друг вид сообраќаен прекршок (ГВ).