Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, три санкции за возење под дејство на алкохол, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.