Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 10 мерки за некористење сигурносен појас, 36 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.