Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, 32 мерки за недавање предност на пешаци, 22 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за возење без возачка дозвола, пет за возач почетник, 46 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.