179 санкционирани возачи во Скопје, 36 за брзо возење
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

179 санкционирани возачи во Скопје, 36 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира...

Скопјанец уапсен откако се однесувал агресивно кон полициски службеници

Vesti +

Што можете, а што не можете да понесете со себе од авионот – Еве што земаат патниците како сувенири

Vesti +

Тетово во црно: Почина 31 годишна жена по компликации од ковид 19, имала хронична болест

В+

Вашингтон пост: Русија се повлекува, да и помогнеме на Украина да ја заврши работата

Vesti +

Битиќи на МЕФ22: “Спремни сме да направиме социјално праведна енергетска транзиција што ќе ни донесе енергетска безбедност и диверзификација”

Vesti +

Маричиќ: До април ќе имаме листата со задачи од Брисел, неколку пати ќе треба двотретинско мнозинство во парламентот

Vesti +